25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗемја во која националната среќа е поважна од БДП

Земја во која националната среќа е поважна од БДП

Бутан, земја во која растот на „националната среќа“ е поважен од растот на бруто домашниот производ (БДП) се најде на овогодинешната листа со дестинации кои треба да ги посетите, која ја објавија New York Times и магазинот L’affaire.

Земјата на Хималаите која никогаш не била освоена ниту колонизирана, успеа да се држи до својата култура во периодот на трансформација од апсолутна монархија во демократија, наведува агенцијата АП.

Кралот на Бутан уште во 1970 година кажа дека растот на „националната среќа“ е поважен од растот на БДП. Земјата има заземено уникатен пристап во туризмот, промовирајќи се како „ексклузивна дестинација“ која нуди скапи услуги за мал број на туристи.

Туристите можат да ја посетат оваа земја само преку лиценцирани агенции, а туристичките аранжмани чинат меѓу 200 и 250 долари дневно, во зависност од услугата. Дел од парите собрани од туризмот владата на Бутан ги користи за инвестиции во здравствената грижа, бесплатното школување и изградбата на инфраструктура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП