6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Фени индустри“ повторно произведува

„Фени индустри“ повторно произведува

„Фени индустри“ повторно произведува. Враќањето во производство доаѓа по само еден месец откако компанијата потпиша договор со Еуроникел, претставништво на ГСОЛ во Македонија, меѓународен инвеститор кој според договорот веќе има вложено повеќе од 20 милиони евра во иднината на „Фени“ и работи на тоа „Фени“ да стане водечки европски производител на фероникел.

„Завршувањето на првиот производ на ‘Фени индустри’ и враќањето во производство е доказ за нашата континуирана заложба за воспоставување нова перспектива и иднина за ‘Фени’, нејзините вработени и сите засегнати страни поврзани со неговото успешно работење. Ние го покажавме нашиот капацитет во обезбедување ресурси, знаење од индустријата и оперативното лидерство на ‘Фени’. Нашите финансиски и оперативни обврски, денес почнаа да резултираат и ќе бидат од корист за локалната и пошироката заедница, вработените и сите партнери”, изјави Маркос Камхис, директор на GSOL. Тој продолжува: „Ова достигнување е првиот чекор кон дефинитивно решение за проблемите на ‘Фени’ овозможувајќи им на сите вклучени страни конечно да почнат ново поглавје во соработката со еден од најважните бизниси на земјата.”

ГСОЛ, преку Еуроникел претставништвото во Македонија, беше единствената компанија која се огласи на јавниот повик на стечајниот управник за соработка, исполнувајќи ги и надминувајќи ги сите наведени барања и дефинитивно докажува дека нејзиниот интерес во индустријата и „Фени“ особено, е вистински и долгорочен, и покрај несигурноста во резултатот од стечајниот процес. Еуроникел веднаш продолжи со исплатата на долгоочекуваните плати на вработените и заостанатите обврски кон транспортерите на „Фени“, повторно демонстрирајќи го својот длабок интерес партнерство со „Фени“. Со сите овие активности, ГСОЛ ја покажа својата цврста определба да го додаде „Фени“ во своето портфолио на производство на никел, заедно со фабриката за никел од Доминиканската Република – Фалконбриџ.

Формирана во 2009 година, ГСОЛ е фокусирана на природните ресурси и специфичните основни метали. Тие имаат одлични и докажани резултати на глобално ниво, со обликување и работа со фероникел. Во август 2015 година ГСОЛ ја презеде и целосно ја интегрираше компанијата Glencore Falconbridge од Доминиканската Република.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП