5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарската „Минстрој Холдинг“ А.Д. нуди целосно решение за “ФЕНИ“

Бугарската „Минстрој Холдинг“ А.Д. нуди целосно решение за “ФЕНИ“

“Во врска со информациите кои се однесуваат на нашиот интерес и работа околу Индустрискиот Комбинат “Фени“ од Кавадарци, би сакале да потврдиме дека “Минстрој Холдинг“ А.Д. има конкретен план за третман на актуелната состојба со “Фени“”, вели во соопштението на бугарската компанија.

Имено, по неколкумесечната работа и анализа на состојбите во Комбинатот, кои вклучуваат согледување на материјално-финансиската состојба, производно-техничките услови, доверителите и пред се, статусот на вработените, “Минстрој Холдинг“ А.Д. изготви соодветна програма која нуди целосно и долгорочно решение за Комбинатот, во целост, истовремено решавајќи локален економски проблем во Градот Кавадарци.

Конкретно, “Минстрој Холдинг“ А.Д. го нуди следново:

– Целосна, 100% исплата на обврските кон сите Доверители на “Фени“ утврдени со стечајната постапка;

Затворање на стечајната постапка и ставање на Комбинатот во нормален деловен режим;

Структурирање менаџерски тим кој заедно со висококвалификуваните и искусни работници на “Фени“ ќе работат на развој на Комбинатот;

Обезбедување висококвалитетна руда како основна суровина за непречена работа на печките во “Фени“;

Двегодишен инвестиционен план во висина од 30 Милиони Евра за санација на двете електро печки и придружната опрема;

Можност за рестартирање на рудникот во Ржново и отворање нови работни места .

“За нашиот Холдинг тешката индустрија претставува основен двигател и столб во водењето бизнис. Нашата Компанија е препознатлива по стручноста и умешноста во санацијата и рестартирањето на рударско-индустриски капацитети, поле во кое сме докажани во реалноста, на повеќе проекти. Пример за тоа се двата рудника во Македонија за кои имаме Концесија: “Злетово“ и “Тораница“, во кои без магично стапче, туку со верба и многу посветена работа, следена со реални инвестиции успеавме да покажеме резултат. Лично сум убеден и верувам во потенцијалите на “Фени“, пред се затоа што Кавадарци е град со 80 годишна традиција во производство на никел и луѓето ја имаат културата и енергијата со генерации за вакво нешто. Знам дека “Минстрој Холдинг“ А.Д. знае и има капацитети да го врати “Фени“ на вистинскиот пат при што, ќе биде решен голем проблем на македонската економија.“, потенцираше Проф. Д-р Николај Валканов, Претседател на Бордот на Директори на “Минстрој Холдинг” А.Д.

 

За “Минстрој Холдинг“ А.Д.:

“Минстрој Холдинг” А.Д. е компанија формирана во 1952 година. Основната дејност на компанијата е експлоатација на олово-цинкова руда. Во сопственост на компанијата се седум рудници од ваков тип во Бугарија и два во Македонија. Холдингот располага со сопствена, основна и специјализирана механизација за реализирање на основната дејност, како и со сопствено Проектантско биро екипирано со висококвалификуван инженерски кадар.

Покрај основната, една од главните дејности на Компанијата е производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија – сонце и вода. Има изградено капацитети од 40 MW за производство на соларна и околу 30 MW за производство на електрична енергија од вода. Холдингот учествува во изградба на големи инфраструктурни проекти: пречистителни станици, депоа за комунален отпад, водовод, канализација и патишта – самостојно или во форма на заедничко вложување со големи компании од Западна Европа.

“Минстрој Холдинг” А.Д. поседува хотели во ски-центри и СПА летувалишта со минерална вода низ Бугарија, како и туристички објекти на Црното Море.

Во последните години, Холдингот има планирано и реализирано повеќе од 300 Милиони Евра директни инвестиции во Регионот.

Вкупниот број на вработени лица во “Минстрој Холдинг” А.Д. изнесува околу 4.500.

“Минстрој Холдинг” А.Д. е носител на стандарди за квалитет, заштита при работа и заштита на животната средина, соодветно: ISO 9001:2008; ВS OHSAS 18001:2007; ISO 14001:2004.

www.minstroy.com

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП