28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВраќање на растот, Грција се „врати во зелено“

Враќање на растот, Грција се „врати во зелено“

Грција му се врати на економскиот раст во 2017 година со раст на БДП од 1,4 проценти на годишно ниво, што е првата проценка која ја објави грчката статистичка служба Елстат.

Тој резултат ја потврдува прогнозата искажана во грчкиот државен буџет и очекувањата од кредиторите на земјата – Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, кои констатираа дека во 2017 година грчката економија се „вратила во зелено“ после осум години рецесија.

Сепак, економскиот раст од 1,4 проценти во 2017 година е помал од 1,8 проценти колку што Атина процени во буџетот за 2018 година, усвоен во месец декември.

Презадолжената земја загуби четвртина од БДП поради политиката на штедење воведена после три последователни кредити одобрени за таа финансиски да се спаси.

„БДП изнесуваше 187,1 милијарди евра во 2017 година, додека во 2016 година беше 184,6 милијарди евра“, а во 2016 година растот беше нула, наведе Елстат во соопштението.

БДП на Грција во четвртиот квартал од 2017 година порасна за 1,9 проценти во однос на истиот квартал претходната година, а 0,1 процнети во однос на претходниот, третиот минатогодишен квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП