17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес облачно со повремени врнежи од дожд

Денес облачно со повремени врнежи од дожд

Времето утрово е умерено до значително облачно, на запад со слаб локален дожд. Дува слаб, а вдолж Повардарието на места умерен ветер од југоисточен правец.

Од Управата за хидрометероролошки работи соопштија дека во текот на денот нѐ очкеува променливо облачно време, со умерен до засилен ветер од јужен правец. Претпладне ќе има слаб локален дожд, а повеќе врнежи се очекуваат во попладневните часови, особено во западните делови (локално над 15л/м2). Само на највисоките планини ќе има повремен снег. Во јужните делови попладне ќе има услови за локална појава на грмежи. Температурата ќе достигне од 11 до 17 степени. Во Скопје претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер, попладне со повремен дожд. Температурата ќе достигне 15 степени.

Утре ќе биде претежно суво, a во четврток претпладне повторно ќе има локални врнежи кои на планините ќе бидат од снег. И во наредните два дена ќе дува засилен ветер, утре од југозападен, а во четврток од северозападен правец. Од петок ќе настапи стабилизација, а за време на викендот ќе има и значително повисоки дневни температури.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП