11 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФиат подготвува 8 милијарди евра за купување на Крајслер и за долговите

Фиат подготвува 8 милијарди евра за купување на Крајслер и за долговите

fiat-chrysler-1

Фиат преговара со неколку банки за позајмица во износ од близу 8 милијарди евра кои би биле употребени за купување на преостанатите акции на групацијата Крајслер, но и за рефинансирање на веќе постоечките долгови.

Италијанскиот автомобилски гигант има желба да ги купи останатите 41.5 проценти на Крајслер кои се наоѓаат во рацете на „UAW“ (United Auto Workers), а како може даватели на кредит се споменуваат „Bank of America“, „Deutsche Bank“, „Goldman Sachs“ и „BNP Paribas“.

Извршниот директор на Фиат и Крајслер, Серџио Маркионе сака двата производители да ги спои во една компанија и со тоа полесно да им парираат на Тојота, Џенерал Моторс и Фолксваген. Новата компанија на пазарот би била присутна со брендовите Фиат, Крајслер, Џип и Доџ, нормално и со Масерати и Ферари.

Според неименувани извори Италијанците сакаат трансакцијата да ја завршат до крајот на летото. Меѓутоа никакви чекори нема да бидат превземени додека не се заврши правниот спор околу вредноста на преостанатите 41.5 проценти.

Ако може да се верува на моменталните проценки, Фиат за купувањето на преостанатиот дел на американската компанија би морал да плати 3 милијарди евра, додека останатиот дел од парите би бил употребен за исплата на долговите на двата производители.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП