3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар заработи 5 милијарди евра од продажбата на државјанствa

Кипар заработи 5 милијарди евра од продажбата на државјанствa

За 10 години, граѓани на Кипар во замена на инвестииции станаа 1685 лица. Островот заработи скоро 5 милијарди евра.

Рускиот бизнисмен Олег Дерипаска купил кипарско државјанство во 2017-та година, соопштува британскиот весник „Guardian“.

Властите на Островот на Афродита дале државјанство на алуминиумскиот магнат по шемата за богатите инвеститори.

Првиот обид на Дерипаска да се здобие со кипарски пасош беше неуспешен поради истрагата за перење пари, организирана од Белгија во 2015-та година.

Тој е еден од стоте богати Руси и Украинци кои добиле кипарско државјанство. Неговото име исплива во кипарските документи, откако парламентот на земјата побара од Министерството за внатрешни работи податоци за инвеститорите, кои добиле државјанство.

За 10 години, граѓани на Кипар во замена на инвестииции станаа 1685 лица. Островот заработи скоро 5 милијарди евра. Во почетокот на јануари, стана познато дека стотици богати Руси добиле државјанство на Малта.

Во ЕУ постојано ја критикуваа практиката на продажба на пасоши, тврдејќи дека властите на овие земји не секогаш го проверувале доволно внимателно потеклото на средствата.

Малта и Кипар се членки на шенегнскиот простор, нивните граѓани можат без проблем да патуваат во сите земји-членки на ЕУ. Покрај тоа, граѓаните на овие две земји можат да посетат десетици земји низ светот без визи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП