6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродажбата на мало во ЕУ и еврозоната продолжува да се намалува и...

Продажбата на мало во ЕУ и еврозоната продолжува да се намалува и во јануари

Обемот на продажбата на мало во Европската унија во јануари 2018-та година се намалил за 0,1% во однос на претходниот месец. Така регионот продолжува да бележи стабилен пад на трговијата на мало, откако во декември минатата година продажбата изненадувачки се намали за 0,9%, покажуваат сезонски прилагоди податоци на „Еуростат“.

Во еврозоната падот во обемот на месечна основа е на исто ниво – од 0,1%, откако во декември зоната со единствена валута забележа дури посериозен пад од 1,0%.

Во споредба со истиот месец од минатата година се забележува сериозно зголемување – растот на обемот на продажбите во еврозоната е од 2,3%, а во ЕУ од 2,7%.

Според „Еуростат“ падот на обемот на месечна основа во еврозоната се должи главно на намалување во непрехранбени производи од 0,3% и во категоријата „Храна, пијалоци и тутун“ од 0,2%, додека кај автомобилските горива се забележа раст од 0, 1%.

Што се однесува до ЕУ како целина, трендот е сличен. Обемот во продажбата на непрехранбени производи се намалил за 0,2%, на категоријата „Храна, пијалоци и тутун“ со 0,3%, а зголемувањето кај автомобилските горива е од 0,3%.

Меѓу земјите членки најголемо намалување во продажбата на мало се забележува во Естонија (-2,4%), Белгија (-1,6%) и Малта (-1,4%). Најголемиот раст во обемот е во Летонија (2,1%), Финска (1,3%), Унгарија (1,1%) и Австрија.

Годишниот раст на продажбата на мало во еврозоната се поддржува од непрехранбените производи со зголемување од 3,8%, од категоријата „Храна, пијалоци и тутун“ со 0,8% и едвај од 0,2% од автомобилските горива. Ситуацијата во ЕУ како целина е слична – растот кај непрехранбените производи останува 4,2%, кај категоријата „Храна, пијалоци и тутун“ е едвај од 0,6%, но кај автомобилските горива е од 1,7%.

Најсериозно зголемување на обемот на продажбата на мало во однос на јануари 2017-та година се забележува во Романија (11,0%), Унгарија (7,5%) и Латвија (7,2%). Две земји бележат пад на годишна база – Естонија (-0,9%) и Белгија (-0,2%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП