12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗCupra направи вистински 100% eлектричен тркачки автомобил (фото+видео)

Cupra направи вистински 100% eлектричен тркачки автомобил (фото+видео)

Шпанскиот производител „Seat“ на саемот во Женева за автомобили во Женева ќе претстави целосно електричен тркачки автомобил.

Моделот е креиран од неодамна одвоениот бренд „Cupra“ кој е наречен „e-Racer“, a „Seat“ го најавува како првиот 100 процентен електричен автомобил.

„e-Racer“ e базиран на „Cupra Leon TCR“ тркачкиот автомобил и ќе настапува во новата „E TCR“ категорија. Располага со околу 400 KS константа моќ, а со максимумот може да го достигне дури 670 KS.

Oвој автомобил пред се би требало да служи како промоција на посебниот бренд „Cupra“ кој во целост ќе се посвети на спортскиот сегмент на „Seat“ моделите.

„Cupra“ исто така во целот ќе го превземе моторспорт одделението на „Seat“ и тркачката дивизија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП