6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДа го задржиме несовршенството на светот!(фото+видео)

Да го задржиме несовршенството на светот!(фото+видео)

Минатиот септември, Diesel ја претстави кампањата “Go with the flaw”  со која ги инспирираше луѓето да ги прифатат недостатоците во нивните животи и да ја носат несовршеноста со гордост. Општеството постојано се стреми кон совршеност, но таа може да биде и здодевна. Светот треба да ги негува несовршеностите кои го прават животот интересен.

Diesel оваа сезона презентира прекрасна “Go with the flaw” романса. Приказна за момче и девојка кои се запознаваат и се вљубуваат откако претходно и двајцата решиле да се ослободат и да ги променат своите физички недостатоци. Во краткиот филм, режиран од Франсоа Руселе, откриваме дека нашите недостатоци се помоќни од обидите да ги сокриеме. Тогаш зошто да не ги прифатиме, да уживаме во нив?

Ова ново поглавје го означува и почетокот на нова Diesel колекција за пролет/лето 2018, со легендарни Diesel модели и автентично влијание од 90-тите. Колекција создадена за само-експресија и креирање на свој, единствен стил преку парчиња кои се контрастни, а сепак се надополнуваат.

Краткиот филм, ако се гледа внимателно, ни открива и елементи интегрирани во кампањата, на тема “несовршен свет”. Тука е на пример, инстаграм профилот @wantedsocks кој e посветен на носењето чорапи кои не се во пар или пак фиктивниот онлајн ресторан Bluffet (bluffet.com) каде во соработка со каналот за готвење Tasty, се претставени различни рецепти за оние кои се мамурни, доцнат или пак кои не можат да му одолеат на благото. Уште еден интересен елемент кој се појавува во видеото е линкот од агенцијата layover.it – туристичка агенција со недостатоци, кадешто се резервираат најкомплицираните патувања, со најмногу трансфери, а идејата позади сето ова се крие во убавината на лошо испланираното патување кое всушност вклучува повеќе патувања во едно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП