2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Не сакаме трговска војна, но нема да седиме со скрстени раце“

„Не сакаме трговска војна, но нема да седиме со скрстени раце“

Пекинг не сака трговска војна но „нема да седи со скрстени раце“ пред протекционистичките закани на Соединетите Американски Држави (САД).

Тоа го изјави висок претставник на кинескиот парламент по повод најавата на претседателот на САД Доналд Трамп.

„Кина не сака трговска војна со Соединетите Држави, но ако преземе мерки кои им штетат на кинеските интереси, нема да седиме со скрстени раце“, изјави портпаролот на Народното собрание на Кина Џанг Јесуји.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави план оваа недела да воведе такса од 25 проценти за увозниот челик, а од 10 проценти на алуминиумот.

Поради најавеното воведување на царини покрај Кина реагираше и Европската Унија, Канада, Русија, Германија, Велика Британија и Франциаја.

Кина е далеку најголем светски производител на челик и алуминиум, но обезбедува само мал дел од американскиот увоз во овој сектор, така што се очекува дека новиот данок незначително ќе влијае на Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП