2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследното зелено светло, нема повеќе услови за Грците

Последното зелено светло, нема повеќе услови за Грците

Грција доби зелено светло за новата и последна транша од кредитната помош од 5,7 милијарди евра, во рамките на програмата која формално ќе биде завршена во август.

Префрлувањето на 5,7 милијарди евра ќе биде направено „до средината на март“, откако тоа ќе го одобрат парламентите на земјите кај кои тоа е неопходна процедура, се наведува во соопштението на Министерството за финансии на Грција.

Со тоа одобрување ќе биде завршен и третиот круг на евалуација на грчките реформи, наметнати во замена за финансиската помош од јули 2015 година.

Министрите за финансии на еврогрупата ги блокираа средствата на состанокот на 19-ти февруари, барајќи од Грција да покрене систем за електронска аукција на недвижнините на граѓаните запленети поради неотплатливите кредити.

Атина минатиот понеделник со претставници на кредиторите ја започна процедурата за последниот пакет реформи кој треба да се воведе пред таа во авагуст оваа година да ја поврати финансиската стабилност.

Двете страни се договорија да одржат „строг распоред“ за да се совлада таа последна етапа пред повратот на Грција на финансиските пазари, наведе портпаролот на владата Димитрис Цанакопулос.

Грција истовремено води преговори со кредиторите за механизмот за олеснување на јавниот долг, модел за отплата заснован на нивото на раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП