20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLego ќе произведува „еко коцки“

Lego ќе произведува „еко коцки“

Данската компанија за играчки „Lego“ оваа година ќе почне да ги произведува некои од производите од пластика на растителна основа, во обид да се спротивстави на загадувањето на природата, информира „Ројтерс“.

Производителот на шарените коцки посочи дека „ботаничките“ делови од конструкторите, како лисја и дрва веќе ќе бидат правени од полиетилен, вид пластика, изведен од шеќерна трска, во замена на материјали произведени од фосилни суровини.

Одлуката е дел од напорите на „Lego“ да постигне нула ниво на отпад во своите активности и да користи отпорни материјали при основните производи и пакувања до 2030-та година.

„8 милиони тони пластика – шишиња, амбалажа и друг ѓубре – се фрлаат секоја година во океанот, ја уништуваат морската флора и фауна и го загрозуваат синџирот на исхрана на луѓето“, посочува ОН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП