4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ја намалува социјалната помош

Франција ја намалува социјалната помош

francepeople1

Француската влада воведува рестриктивни мерки во поглед на социјалната помош за најзагрозените француски семејства, со цел да заштеди повеќе од две милијарди евра до 2016 година.

Претставниците на француската влада, како што пренесува Франс Прес, разгледуваат две можности во рамките на планот за намалување на социјалните бенефиции – едната е да се намали детскиот додаток за семејствата со највисоки приходи во таа категорија, а другата е да се зголеми намалената даночна стапка за социјално загрозените семејства.

Додека претставниците на владата се залагаа да го намалат детскиот додаток, францускиот претседател Франсоа Оланд повеќе е насочен кон зголемување на даночните стапки.

Максималните социјални бенефиции, во вид на детски додаток или даночни олеснувања, ќе бидат намалени од досегашните 2.000 на 1.500 евра, а со нив ќе бидат опфатени околу милион семејства,  се наведува во извештајот кој го објави Советот за семејни работи.

Неодамнешното истражување на агенцијата „Вавуас“ покажа дека 68 проценти од Французите сметаат дека во корист на државата треба да се намали детскиот додаток, пренесува Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП