13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп најави данок за увоз на автомобили од ЕУ

Трамп најави данок за увоз на автомобили од ЕУ

Американскиот претседател, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе данок на увозот на автомобили од Европската Унија.

Тој на Твитер напиша дека другите земји со години ја користат Америка поради нејзините глупави трговски договори.

„Доколку ЕУ сака и понатаму да ги зголемува своите големи царини и пречки за американските компании кои делуваат во Европа, тогаш Вашингтон едноствано ќе воведе данок на нивните автомбили кои слободно пристигнуваат во Америка“, напишал Трамп.

Тој навел дека тоа ја прави невозможна продажбата на американските автомобили што, според него, е голем трговски дисбаланс.

Трамп на 1 март најави воведување на данок за увоз на челик и алуминиум. Неговата изјава предизвика критика од Меѓународниот монетарен фонд и од Светската трговска организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП