3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОсновачите на Plus500 продадоа акции за 110 милиони долари

Основачите на Plus500 продадоа акции за 110 милиони долари

Петте израелски основачи на платформата за тргување на Лондонската берза „Plus500“ продадоа 7,27 милиони акции од компанијата за 11 фунти акција.

Вкупниот износ што го заработија изнесуваше 80 милиони фунти, или 110 милиони долари.

Продажната цена е малку пониска од вредноста на акциите на крајот од берзанската трговија во четвртокот – 11,69 фунти за акција.

Алон Гонен продал најмногу акции – 3,4 милиони акции за вкупно 37,4 милиони фунти. Компанијата информира дека ниту еден од петте основачи не се вклучени секојдневно во развојот на компанијата.

Вредноста на акциите на „Plus500“ достигна рекордни нивоа по најсилниот квартал во историјата на компанијата, во кој таа успеа да реализира приходи во износ од 132 милиони долари, благодарение на зголемениот интерес кај трговијата со криптовалути.

Договорот го намали сопствениот удел на петте основачи од 22% на 16%. За последен пат тие продадоа дел од своите акции во 2016-та година кога беа продадени 15,5 милиони акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП