5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвата држава во светот која креираше сопствена криптовалута

Првата држава во светот која креираше сопствена криптовалута

Маршалските Острови, држава во централниот дел на Пацификот, создаде своја криптовалута со цел да соберат пари за да платат сметки и да ја поттикнат економијата.

Оваа мала островска нација објави дека е прва во светот што ја признала криптовалутата како свое средство за плаќање, каде оваа недела го усвоила законот врз основа на кој ја креирале криптовалутата “Sovereign” или SOV.

Во земја со 60.000 жители, оваа криптовалута ќе има еднаков статус како американски долар како форма на плаќање.

Првата земја која лансираше сопствена криптовалута беше Венецуела, која воведе виртуелен “Petro”, со цел да ги поддржи резервите во нафтата.

Властите на Маршалските Острови објавија дека “SOV” ќе биде различна бидејќи ќе биде признаена како законско средство за плаќање поддржано од владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП