5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО загрижена поради Трамп - можноста за ескалација е повеќе од реална

СТО загрижена поради Трамп – можноста за ескалација е повеќе од реална

Шефот на Светската трговска организација (СТО) Роберто Асеведо изјави дека оваа организација е „јасно загрижена“ поради планот на Доналд Трамп.

Според неговите зборови, „трговската војна на никој не му е од интерес“.

Претходно Трамп се огласи преку Твитер и наведе дека „кога земјата (САД) губи многу милијарди долари во трговија со речиси секоја земја со која работи, трговската војна е добра и лесна за добивање“.

„Можноста за ескалација е повеќе од реална, како што видовме од почетните одговори на другите страни“, предупреди Асеведо.

СТО внимателно ќе ја следи ситуацијата, наведе тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП