6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата привремено ќе го преземе правото за управување со отпад од општините

Владата привремено ќе го преземе правото за управување со отпад од општините

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, и премиерот, Зоран Заев, денеска одржаа работен состанок со сите градоначалници во Република Македонија на тема: „Воспоставување интегрирано регионално управување со отпад во Република Македонија“.

Како што информираат од Министерството за животна средина, изминатиот период најголем акцент бил ставен на воспоставување интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад за секој од планските региони во Република Македонија. Меѓутоа, во изминатите години општините во сите региони на Република Македонија покажале многу ниски капацитети (и технички и финансиски) за да можат самостојно да го воспостават овој систем.

Токму затоа, на денешната средба уште еднаш со здружени напори бил направи пресек на состојбите и капацитетите на општините во 8-те плански региони и се дефинирале следните чекори во воспоставување интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад и тоа како приоритет на Владата на Република.

На средбата од страна на Министерството бил презентиран моменталниот пресек на состојбите со воспоставување интегрирано регионално управување со отпад во РМ при што евидентно било незадоволителното ниво на имплементација, на интегрираното регионално управување со отпад. Поради тоа на средбата било предложено општините првично да донесат одлука за делегирање на правото за спроведување и реализирање на регионалните депонии на централната власт и локациите каде што ќе бидат изградени овие депонии, кои се утврдени со физибилити студии, да се прифатат од страна на општините како што се утврдени. Одлуката треба да се донесе од страна на советите на општините и веднаш може да се започне со имплементација на истата.

Во својот говор министерот Дураки појаснил дека во ниеден момент не станува збор за преземање на надлежностите и овластувањата на општините, туку едноставно за приклучување на централната власт да заедно со локалната власт го реши овој долгогодишен проблем во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП