24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ужива, а кој страда во Европа

Кој ужива, а кој страда во Европа

eu111111

Според податоците на швајцарскиот Федерален завод за статистика, животниот стандард во таа земја е меѓу највисоките во Европа, а пред неа се само Луксембург и Норвешка.

Меѓу европските држави постојат големи разлики во квалитетот на животот, а во новите членки на Европската унија, голем дел од луѓето не можат да си дозволат комплетен оброк секој втор ден, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Животниот стандард во Швајцарија, мерен според достапните приходи изразени во куповната моќ, во 2011 се најде на третото место во Европа, сопред истражувањето на швајцарскиот Институт за приходи и услови за живеење во Европа.

Според овој индикатор, Швајцарија е во четири пати подобра позиција од Романија, Летонија и Бугарија, а два пати од Грција.

Истиот извор наведува дека популацијата на земјите кои во Европската унија влегоа по 2000 година не живее добро, така секоја втора личност во Летонија или Унгарија, не може да си дозволи секој втор ден комплетен оброк со месо, пилешко или риба.

Оваа пропорција во Бугарија изнесува дури 50 проценти, додека во еврозоната осум, а во Швајцарија е помала од два проценти.

Исто така, една четвртина од жителите на Европската унија има потешкотии да состави крај со крај, додека овој процент во Швајцарија изнесува 12,5.

Во нееднаквата распределба на приходите, Швајцарија е блиску до европскиот просек. Вкупните приходи на 20 проценти од најбогатите жители е поголем за 4,5 пати од вкупните приходи на 20 проценти од најсирмашната популација, а во Европа овој индикатор варира помеѓу 3,3 и 6,8 пати.

Најголема нееднаквост во приходите е забележана во Шпанија, Летонија, Бугарија, Романија, Грција и Литванија, а најниска во Исланд, Норвешка, Чешка, Словенија, Шведска и Финска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП