2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТранспортерите на „Фени индустри“ го прифатија предлогот, вкупните побарувања ќе бидат исплатени

Транспортерите на „Фени индустри“ го прифатија предлогот, вкупните побарувања ќе бидат исплатени

Транспортерите на „Фени индустри“ го прифатија предлогот од „Еуроникел“, претставништвото на „Гсол“, за исплата на вкупите побарувања. Со постигнатиот договор се прекинува протестот на Здружението на киперските транспортери, „Кипери Кавадарци“ и ќе се овозможи непречен и континуиран дотур на материјали во фабриката.

Со тоа, двете страни се обврзуваат на градење заедничка доверба и соработка во интерес на целокупната заедница, вработените во „Фени индустри“, транспортерите во здружението и пошироката јавност.

Вкупните побарувања што „Еуроникел“, претставништво на „Гсол“, им ги исплаќа на транспортерите се побарувања од фирмата „Нова Логистик“, која речиси е извесно дека оди во стечај и се во вредност од 3.1 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП