23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабави растот на американската економија

Забави растот на американската економија

B

Американската економија во првиот квартал напредуваше со скромни 2,4 проценти, што е малку побавно од првичните проценки, поради острите намалувања на трошоците на владата, покажуваат официјалните податоци во Вашингтон.

Американското Министерство за трговија наведува дека економскиот раст за првите три месеци од 2013 година е ревидиран од 2,5 проценти, иако општата слика на економските активности не се промени значително, пренесува агенцијата Франс Прес.

Новата проценка на економскиот раст е во согласност со очекувањата и потврдува дека најголемата светска економија напредува со темпо, иако скромно, но доста побрзо во однос на растот од 0,4 проценти од последниот квартал од минатата година.

Економскиот раст е ревидиран надолу, делумно поради податоците за извозот и јавната потрошувачка. Светла точка во економијата претставува домашната потрошувачка, која во првиот квартал е зголемена за 3,4 проценти, а не за 3,2 проценти како што првично се мислеше, пренесува Франс Прес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП