24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се збратимат општините Гостивар и Љутомер

Ќе се збратимат општините Гостивар и Љутомер

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, на 28 февруари престојувал во Словенија, при што ја посетил општината Љутомер, каде што бил пречекан од страна на заменик-градоначалникот, Боро Земљак, соопшти прес-службата на Општината.

„Целта на оваа посета беше да се дознае повеќе за проекти што се однесуваат на третман на отпадните води и управување со комуналниот отпад, како и да се искористи огромното искуство на Општина Љутомер во аплицирањето за ЕУ-фондовите. Претставниците на двете општини се согласија средношколци од двата града да остварат меѓусебни посети. Градоначалникот Таравари и заменик-градоначалникот Земљак изразија интерес и за збратимување на двете општини, а се очекува набргу да започнат и соодветните постапки. Таравари и Земљак разменија подароци со градски симболи“, соопшти Општината.

При посетата на словенечката општина Љутомер, градоначалникот Таравари бил во придружба на шефот на Кабинетот, Сеадин Ејупи, раководителот на Канцеларијата за локален економски развој, Бесим Догани, и професорот Абдулади Салмани, кој воедно е и иницијатор на збратимувањето на Општина Гостивар со оваа словенечка општина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП