24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот на патниот правец Каваради-Дреново во прекин поради штрајк

Сообраќајот на патниот правец Каваради-Дреново во прекин поради штрајк

Сообраќајот на патниот правец Кавадарци-Дреново кај мотелот „Дреново“ од 12 до 15 часот е во прекин поради штрајк, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, кој не се здржува на коловозот, а дожд врне во западниот и југозападниот дел од државата. Поради појава на магла, видливоста е намалена до 50 м на патниот правец Лисец-Попова Шапка.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15 март 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП