26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаиола: Балотели чини 100 милиони евра, за него преговарам со Јувентус, Интер,...

Раиола: Балотели чини 100 милиони евра, за него преговарам со Јувентус, Интер, Рома и Наполи

Мино Раиола, агентот на Марио Балотели, преговара со неколку водечки италијански клубови за можно враќање на напаѓачот во Серија А во текот на летото.

27-годишниот Балотели има договор со францускиот клуб Ница до крајот на сезоната, а за 18 месеци со екипата тој реализирал 38 гола во 57 натпревари за тимот од Лига 1, а само во оваа сезона Италијанецот има 21 погодоци на 29 средби.

„Марио е подготвен да се врати во Серија А. Тој е во топ 10 на најдобрите напаѓачи во светот во моментов и без сомнение е број 1 за Италија. Марио вреди 100 милиони евра. Водам преговори со тимови од Англија и Италија. Веќе Разговарав со Јувентус, Рома, Наполи и Интер“, рече Раиола.

Во неговата кариера, Балотели играше во Јувентус, Милан, Интер, Ливерпул и Манчестер Сити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП