12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКинеска компанија го продава својот удел во Hilton Park Hotel & Resorts

Кинеска компанија го продава својот удел во Hilton Park Hotel & Resorts

Кинеската компанија „HNA Group“ планира да го продаде целиот свој удел во американска компанија, која поседува десетици хотели „Hilton“ и други имоти. Така таа ги забрзува плановите да се раздели со својот имот во странство по рестриктивните мерки на кинеските власти против компании кои инвестираат во странство, пишува „Wall Street Journal“.

Во официјален документ поднесен до Американската комисија за хартии од вредност и берзи (SEC) оваа недела, „Park Hotel & Resorts PK“ истакнува дека „HNA“ планира да продаде „дел или целиот“ својот удел од 25% во компанијата. Заедно со хотелите „Hilton“ во инвестицискиот недвижен имот, кој се наоѓа во Њујорк, има уште конференциски центри, аеродромските хотели и други недвижности низ целата земја.

Продажбата на акциите ќе се оствари преку едно или неколку јавни придонеси, а кога ќе се случи тоа, ќе зависи од пазарните услови и други фактори, станува јасно уште од документот. Во моментов, уделот на „HNA“ во компанијата изнесува околу 1,4 милијарди долари.

Конгломератот „HNA“, кој до неодамна беше една од најактивните кинески приватни компании, се согласи во есента 2016-та година да купи удел од 25% во „Hilton Worldwide“ од компанијата за приватни капитални инвестиции „Blackstone Group“ за 6,5 милијарди долари.

Во тоа време претседателот и извршен директор на „Hilton Worldwide“, Кристофер Насета изјави дека „HNA“ ќе биде „долг инвеститор и стратешки партнер“.

Потоа „Hilton Worldwide“ се раздели на три јавно тргувани компании, вклучувајќи ги „Park Hotels“ и „Hilton Grand Vacations“, давајќи и на „HNA“ удел од 25% во трите компании. Кинеската компанија одби да коментира дали планира да го продаде својот имот во другите компании „Hilton“.

Плановите за продажба на средства претставуваат пресврт за „HNA“, која неодамна презеде агресивни превземања во целиот свет, откако купи голем дел од „Deutsche Bank AG“, деловни згради во Њујорк и Лондон и други бизниси. Многу од овие превземања, вклучувајќи го и купувањето на акциите во „Hilton“, беа финансирани со заеми. Долгот на кинеската компанија изнесуваше речиси 100 милијарди долари.

Од летото минатата година трошоците за сервисирање на кредитите на „HNA“ пораснаа и компанијата се соочи со потешкотии да собере средства за да ги згасне долговите кои биле доспеани за плаќање. Освен тоа кинеската влада изрази загриженост од „ирационалните“ инвестиции во странство на некои големи приватни конгломерати во земјата, вклучувајќи го и „HNA“, па така ги подложи на притисок да го продадат имот и другите средства во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП