6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 10 сообраќајни незгоди во Скопје се повредени тројца

Во 10 сообраќајни незгоди во Скопје се повредени тројца

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди, од кои една со тешки телесни повреди, две со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице добило тешки телесни повреди, а две лица се лесно телесно повредени.

Санкционирани се 23 возачи поради возење со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 11 возачи, при што деветмина од нив управувале возила пред да стекнат право за управување моторно возило, а двајца биле возачи почетници. Исто така, исклучени се од сообраќај и 10 возила, од кои седум биле нерегистрирани, а три биле технички неисправни. Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, седумина неправилно се престроиле, двајца возачи се санкционирани за неправилно престигнување и за недавање првенство на минување пешаци на пешачки премин, а 12 возачи не поседувале пропишана зимска опрема во возилата. Во однос на пешаците, санкциониран е еден пешак кој го поминал коловозот надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 90 мандатни платни налози, а 72 возила се подигнати со пајак.

Полициската станица од општа надлежност Струмица поднесе кривична пријава против М.В. (27), државјанин на Босна и Хецеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело уцена. М.В. во текот на декември 2017 година, преку профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ побарал од лице од Струмица да му испрати фотографии со интимна содржина. Кога оштетената му пратила фотографии, пријавениот од мобилен телефон ѝ испратил пораки во кои барал да уплати 2.000 евра на негова сметка, а во спротивно ѝ се заканил дека фотографиите ќе ги објави на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП