28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во еврозоната најниска од 2008 година

Невработеноста во еврозоната најниска од 2008 година

Стапката на невработеност во 19-те земји членки на еврозоната остана стабилна во јануари на 8,6 проценти исто како и во месец декември.

Тоа беше најниското ниво од декември 2008 година, соопшти европското биро за статистика Еуростат.

Цифрата е во склад со очекувањата на експертите од финансиската компанија Factset.

Невработеноста во еврозоната продолжува да паѓа откако во септември 2016 година падна под симболичното ниво од 10 проценти. Во времето на најлошата должничка криза невработеноста во земјите од еврозоната достигна рекордни 12,1 проценти – во април, мај и јуни 2013 година.

Оттогаш економската ситуација постепено се подобрува, но стапката на невработеност и понатака е забележливо повисока од просекот пред финансиската криза 2007-2008 година, кога изнеусваше 7,5 проценти.

И покрај постојаниот пад на стапката на невработеност, остануваат големи разлики меѓу 19-те земји кои го користат еврото како валута.

Најниската стапка на невработеност во јануари повторно е забележана во Германија (3,6 проценти) и на Малта (3,5 проценти). највисоките стапки повторно се забележани во Грција 20,9 проценти и 16,3 проценти во Шпанија.

Невработеноста е многу повисока меѓу младите од 25 години во цела еврозона и изнесува 17,7 проценти. И тука разликата е голема, така што во Германија невработеноста меѓу младите изнесува 6,6 проценти, додека е далеку повисока во земјите од Јужна Европа како што е Грција, каде изнесува 43,7 проценти, во Шпанија 36 проценти а во Италија 31,5 проценти.

За цела ЕУ стапката на невработеност во јануари изнесувала 7,3 проценти, што е ист процент како и во декември, со најниско ниво во Чешка, каде била 2,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП