Австрискиот производител на чорапи „Wolford“ доби нов сопственик од Кина. Компанијата „Fosun“ ќе преземе 50,87 проценти од акциите на „Wolford“ од мнозинскиот сопственик – семејството „Wilhelm und Palmer“. Откупната цена за 2,543,69 акции е 12,80 евра по акција.
Повеќе не е невообичаено кинеските инвеститори да ги преземаат европските компании. Според извештајот на ревизорската агенција „Ernst & Young“, тоа се случило 247 пати во претходната година во Европа.
Вкупно, сопственоста ја променил имот вреден 576 милијарди евра. Интересот на кинските инвеститори првенствено е за индустриските и технолошките компании, како и за финансискиот и енергетскиот сектор.