7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо оваа земја министрите се милионери

Во оваа земја министрите се милионери

Сингапур е познат по тоа дека во земјата живеат многу милионери и милијардери, а освен тоа е и една од најбогатите земји во светот по БДП по глава на жител.

Податоците од Меѓународниот монетарен фонд за октомври 2017-та година покажуваат дека овој индикатор изнесува 90.530 долари.

Сепак, на министрите од владата им беше соопштено дека платите нема да им бидат зголемени, и покрај препораките за зголемување.

Министрите во Сингапур се најдобро платените во светот, а платите им почнуваат од 1.1 милиони сингапурски долари годишно, што е еднакво на 832.000 долари.

Премиерот Ли Kсиен Лонг добива двапати повеќе, или 1,66 милиони долари.

Платите на министрите во азиската држава се толку високи, бидејќи, според мислењето на власта, на тој начин може да се спречат коруптивните практики, а исто така и да се привлечат едни од најдобрите експерти во соодветната област.

Сингапур ја дели шестата позиција во најновото рангирање на „Transparency International“ за корупцијата, а пред неа се само Швајцарија, Норвешка, Финска, Данска и Нов Зеланд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП