26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлер: Има уште неколку недели за да се спречи брегзитот

Блер: Има уште неколку недели за да се спречи брегзитот

Поранешниот премиер на Велика Британија, Тони Блер, во обраќање во Европскиот полициски центар рече дека остануваат само уште неколку недели за да се спречи брегзитот и предложи ЕУ да спроведе реформи со цел да овозможи алтернатива за брегзит.

Според Блер, ваквите реформите во ЕУ би требало да се фокусираат на контрола на миграцијата, што е клучно за да ги убедат Британците да се премислат.

„Сеопфатен план за контрола на миграцијата во Европа би можел да биде сржта на алтернативата за брегзит“, вели Блер.

Поранешниот премиер смета дека гласањето за брегзит било недвосмислено предупредување за Брисел дека има потреба од реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП