2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛуксембург стана дом на над 20 светски компании поради Brexit

Луксембург стана дом на над 20 светски компании поради Brexit

Повеќе од 20 од најголемите меѓународни институции ja избрале Луксембург, за да ги постават таму целите или дел од своите активности како резултат на одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската унија (ЕУ), објави агенцијата за финансиско развој на земјата, пренесоа агенциите.

Во 2017-та година пет банки, десетици глобални менаџери на средства и 10 глобални осигурителни компании ја објавија својата намера да се преселат во оваа земја.

Меѓу овие компании се „JPMorgan“, „Northern Trust“, „Blackstone“, „T Rowe Price“, „AIG“ и „Hiscox“.

Вкупно 139 финансиски институции од 28 земји се со седиште во Луксембург, а повеќето се со фокус врз управувањето на инвестициите, приватното банкарство и секторите бизнис и трговија.

Во исто време Луксембург очекува уште компании да изразат желба да го преселат бизнисот во земјата во следните месеци без разлика дали во секторот на осигурувањето, управувањето со средства, банкарството или „финтех“ дејноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП