18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНедвижнините во Велика Британија поевтинија во февруари

Недвижнините во Велика Британија поевтинија во февруари

Цените на домовите во Велика Британија забележаа пад во февруари, бидејќи „Brexit“ и послабите изгледи за економијата довеле до уште поголемо забавување на пазарот на недвижности, пишува „Bloomberg“.

Цените на куќите паднаа за 0,3% во февруари во споредба со јануари, според „Nationwide Building Society“. Годишната стапка на раст забави на 2,2% од 3,2% во претходниот месец и беше далеку под нивото во последниве години.

Одложувањето на пазарот за недвижнини се одразува и во одобрените хипотекарни заеми, кои достигнаа најниско ниво во последните три години.

Одлуката за напуштање на ЕУ и тежи на британската економија, бидејќи создава несигурност за иднината и забрзува инфлацијата по девалвацијата на фунтата. Банката на Англија објави дека треба да продолжи со зголемување на каматните стапки, што исто така може да ја поткопа побарувачката за домови.

„Ефикасноста на пазарот на домови оваа година ќе биде во голема мера детерминирана од движењата во економијата како целина и од темпото на каматните стапки. Забавената економска активност и постојаното намалување на буџетот на домаќинствата најверојатно ќе доведат до мал пад и на станбениот пазар“, смета Роберт Гарднер, главен економист на „Nationwide“.

Просечната цена на становите во Велика Британија достигна во февруари 210.402 фунти (290 илјади долари) наспроти 211.756 фунти (293 илјади долари), покажуваат податоците на „Nationwide Building Society“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП