3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗаев-Марковиќ: Се засилува соработката на регионот за економски развој

Заев-Марковиќ: Се засилува соработката на регионот за економски развој

Премиерот Зоран Заев во Софија се сретна со премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ. Двајцата премиери на средбата заеднички заклучија дека регионалната соработка се одвива ефективно, во интерес на потребите на граѓаните и на евро-атлантските интереси на регионот.

„За време на разговорот е констатирано е дека соработката меѓу бизнис-коморите на двете земји е добра и се очекува унапредување на бизнис-соработката меѓу двете држави. Во таа насока беше истакнато дека од голема важност е обезбедувањето авиолинија Скопје – Подгорица – Сараево, за која беа споделени најновите информации за реализација на оваа иницијатива. На средбата во Софија се разговараше и за реализација на проекти од областа на здравството, во интерес на граѓаните на двете земји“, соопшти владината прес-служба.

Заев е во еднодневен престој Софија за работниот ручек што премиерот на Бугарија, земјата претседавач со ЕУ, Бојко Борисов, го приредува за претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер, и за лидерите од Западен Балкан.

На состанокот во Софија ќе присуствуваат и еврокомесарот Јоханес Хан и претставничката за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП