25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА10 најдобри европски земји за студентите

10 најдобри европски земји за студентите

Сајтот Study.eu ги објави резултатите од истражувањата во врска со земјите најпогодни за студентите.

Земјите се рангирани врз основа на бројни фактори, како што се квалитетот на образованата програма (одлучувачки фактор кој сочинува 45 проценти од конечната оценка), квалитетет на студентскиот живот, отвореност на пазарот за труд за странските студенти, лична безбедност и др.

Истражувањето се спроведува еднаш годишно, а Германија уште еднаш докажа дека се наоѓа на врвот на листата со европски земји кога станува збор за образованието, со оглед на тоа дека има квалитетен образовен систем, дека повеќето факултети и стручни училишта ги финансира државата и дека студентите плаќаат само мал дел од трошоците.

1. Германија
2. Велика Британија
3. Франција
4. Холандија
5. Русија
6. Швајцарија
7. Шведска
8. Белгија
9. Италија
10. Полска

Листата, сепак, не е многу изменета во однос на 2017 година, освен што оваа година меѓу најдобрите се најде и Полска, на десеттото место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП