24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPanasonic ќе отпушти 5.000 вработени

Panasonic ќе отпушти 5.000 вработени

panasonic1

Јапонската компанија за производство на електроника „Panasonic“ планира во наредните три години да укине 5.000 работни места во секторот за производство на електронска опрема за автомобилите и индустријата.

Оваа мерка е превземена во рамките на програмата за реструктуирање, која е започната со цел да се подобри рентабилноста на компанијата.

Во овој важен сектор на компанијата во моментов се вработени 111.000 лица, односно во секторот за производство на опрема од системи за радионавигација за автомобили до електрични батерии.

Компанијата поседува вкупно 294.000 вработени. Потрпаролот на компанијата објасни дека компанијата планира бројот на работници во овој сектор до март 2016 година да се намали на 105.000 или 106.000 вработени.

Компанијата, со седиште во Осака во Западна Јапонија, не прецизираше за кои работни позиции станува збор и не објасни дали овие работници ќе бидат префрлени во други сектори или ќе бидат пензионирани или отпуштени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП