2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИграта е готова: Toys R Us пропадна, загрозени 3.200 работни места

Играта е готова: Toys R Us пропадна, загрозени 3.200 работни места

Британската филијала од американската продавница за играчки „Toys R Us“ влезе во стечај, поради што во опасност се 3,200 работни места.

Сметководствената компанија „Moorfields” е именувана за принуден управник со цел да го надгледува гасењето на активностите на презадолжениот ланец на играчки кој во Обединетото Кралство има 105 продавници, пренесува агенцијата АП.

„Ќе ги преземеме сите напори за да пронајдеме купувач за дел или целокупниот бизнис на компанијата“, порачаа од сметководствената компанија и додаваат дека сите продавници ќе останат отворени се до новото известување.

Компанијата „Toys R Us” во изминатите години имаше бројни проблеми, губејќи ја трката со онлајн трговците.

Сопственикот на овој ланец во САД во септември поднесе барање за заштита од банкрот, а минатиот месец најави дека ќе затвори 182 продавници во Америка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП