25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпадна невработеноста во Германија, стапката на вработеност достигна рекордно ниво

Опадна невработеноста во Германија, стапката на вработеност достигна рекордно ниво

Вкупната невработеност во Германија падна во февруари повеќе од очекувањата, додека вработеноста достигна рекордно ниво во јануари, покажаа официјалните податоци.

Вкупната невработеност, според десезонираните податоци, падна за 22.000 на 2,39 милиони луѓе, што е поголем пад од проектираното намалување на вработеноста за 15,000 лица, кое го прогнозираа економистите.

Стапката на невработеност се задржа на 5,4 проценти во февруари, на најниското ниво од обединувањето на Германија во 1990 година, соопшти германската Федерална канцеларија за труд.

„Добрата ситуација на пазарот за труд продолжи и во февруари“, изјави шефот на Канцеларијата, Детлед Шел.

Истовремено, вработеноста, според десезонираните податоци порасна на рекордни 44,54 милиони луѓе во јануари, покажаа одвоените податоци на Канцеларијата.

Потрошувачката на домаќинствата, како што оценува Ројтерс, стана еден од главните двигатели на економскиот раст на Германија, бидејќи рекордната вработеност, зголемувањето на платите над стапката на инфлација и ниските трошоци на задолжувањето, ги поттикнуваат потрошувачите да ги отворат своите паричници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП