19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина создава по четири нови милијардери секоја недела

Кина создава по четири нови милијардери секоја недела

Основачот на технолошкиот гигант „Tencent“, Пони Ma во моментов е најбогатиот Кинез, откако неговото лично богатство веќе ги надмина своите конкуренти во секторот за е-трговија и имот.

Меѓутоа, американските милијардери сé уште раководат со светските рангирања на најбогатите, според изданието на „Hurun“ со седиште во Шангај.

Според него, Кина создава по четири нови милијардери секоја недела.

Земјата во моментов има 819 милијардери, откако создаде дополнителни 210 во изминатата година, според годишното рангање на „Hurun“.

Растот значително напредуваше во однос на тој на САД, каде што бројот на милијардери се зголеми за 19, на 571. Кина е пред САД од 2015-та година по бројот на милијардер во вкупни долари.

Пекинг е град со најмногу милијардери – 131, а по кинескиот главен град е Њујорк со 92.

Темпото со кое Кина создава нови милијардери далеку го надминува остатокот од светот, но најбогатите луѓе продолжуваат да бидат Американци.

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос, го освои првото место со зголемување на богатството за 51 милијарда долари на 123 милијарди долари. Ворен Бафет го надминува Бил Гејтс, а неговото богатство се зголеми за 31 отсто на над 100 милијарди долари.

Пони Ма, чие кинеско име е Ма Хуатенг и чија компанија е сопственик на „WeChat“ социјалниот медиумски гигант, се рангира на 15-тото место во светот. Со лично богатство од 47 милијарди долари, тој е најбогат човек во Азија.

Основачот на „Alibaba“, Џек Ма е најпознатиот светски кинески бизнисмен, но тој паѓа на шест места на светската рејтинг листа до 26 со 32 милијарди долари.

Глобалното рангирање на „Hurun“ за 2018-та година вклучува 2.694 милијардери од 68 земји, кои претставуваат 2.157 компании. Нивното вкупно богатство е зголемено за 31%, на 10,5 илјади милијарди долари, што е еквивалентно на 13,2% од глобалниот БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП