10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОхридска банка со намалена добивка за 20,5 отсто во однос на претходната...

Охридска банка со намалена добивка за 20,5 отсто во однос на претходната година

Охридска банка АД Скопје за периодот од 1.1 до 31.12.2017 г. оствари добивка пред оданочување од 388 милиони денари. Споредено со остварениот резултат за истиот период минатата година е за 20,5 % понизок, а во однос на планираниот понизок за 29 % поради значајното влијание на порастот на исправката на вредност на финансиските средства.

Нето-приходите од камати на крајот од 2017 година изнесуваат 1.182,3 милиони денари и во однос на  претходната година е зголемен за 27,2 милиони денари, или за 2,4 % и се во согласност со планираното.

Каматните приходи се пониски од минатата година поради значително намалување на каматната стапка кај кредитите на правни лица и цикличниот карактер во движењето на овие пласмани, која во дел беше компензирана со зголемен обем, додека кај пласманите во хартии од вредност имаме значително намалување на каматната стапка поради што е намален и обемот. Приходите од камати од пласмани на кредити во население и покрај влијанието на пониска просечна каматна стапка,  бележат континуиран и стабилен раст благодарение на стабилниот раст и зголемено ниво на овие пласмани.

Каматните трошоци забележуваат намалување за 12,6 % како резултат на прилагодување на каматните стапки на депозитите на клиентите согласно условите на пазарот, како и оптимизирање во делот на резидуални краткорочни обврски со расположивите ликвидни средства.

Нето-приходот од провизии и надоместоци, во износ од 280,7 милиони денари, е зголемен за 10,5  милиони денари, или за 3,9 %, во однос на минатата година со реализација на планот од 91,3 %. Приходите од провизии и надоместоци бележат посилен раст од 24,5 милиони денари и се поврзани со растот на комерцијалните активности на банката, додека зголемувањето на трошоците за провизии и надоместоци е за 14,0 милиони денари на кое поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 125,5 милиони денари и се зголемени за 12,4 милиони денари или 11 % во споредба со истиот период од минатата година, со реализација над планот за соодветниот период од 14 %.

Другите приходи изнесуваат 65,2 милиони денари, во кои е вклучена реализираната капитална добивка од продажба на недвижност во Охрид, како и остварени приходи по основ продажба на побарувања.

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето основа на крајот од 2017 година изнесува 490 милиони денари и е повисока споредено со истиот период минатата година поради повисоката исправка кај два поголеми клиенти кои во 2017 се соочија со тешкотиите во исполнувањето на обврските и беа превземени активности за наплата на побарувањата.

Вкупните оперативните трошоци во периодот јануари ‒ декември изнесуваат 775,7 милиони денари, се во линија со планираното, и споредено со претходната година, бележат зголемување од 48,7 милиони денари, или 6,7 % во услови на зголемен обем на активности и вкупно работење на Банката. Повисоки оперативни трошоци се забележани кај трошоците за вработени, амортизација, трошоци поврзани со картичното работење, телекомуникациски услуги и технологија, трошоци за кирии, и се поврзани со соодветниот зголемен обем на активности додека намалување има кај трошоците за маркетинг и комуникации, трошоците за осигурување на имот и вработени и намалување на премијата за осигурување на депозити поврзано со намалувањето на годишната стапка на премијата на осигурување во Ноември 2017.

Целосниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП