3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за сообраќај за камиони на патот Маврово-Дебар

Забрана за сообраќај за камиони на патот Маврово-Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните служби. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има само на патниот правец крак Маврово – Дебар која е се уште на сила.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП