3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРазмена на искуства со Словенија за поуспешно спроведување на ИПА-програмите

Размена на искуства со Словенија за поуспешно спроведување на ИПА-програмите

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу во Љубљана, оствари средба со министерката надлежна за развој и европска кохезиона политика на Словенија, Аленка Смеркољ.

На средбата се разговараше за искуствата на Словенија во искористувањето на средствата од европските кохезиони фондови и поддршката што ` е потребна на Република Македонија за зајакнување на административните капацитети за управување со ИПА-програмите за територијална соработка.

Министерот Фазлиу ја истакна поддршката што Словенија ` ја дава на земјава во евроинтеграциските процеси. Во тој контекст, тој ја нагласи и потребата од размена на искуства заради поуспешно спроведување на ИПА-програмите за територијална соработка што ги координира Министерството за локална самоуправа.

„Република Македонија учествува во пет активни програми за билатерална прекугранична соработка и една програма за транснационална соработка, Балкан Медитеран. Иако се многу слични меѓу себе и се засноваат на истите европски регулативи, речиси секоја од овие програми следи свој начин на спроведување бидејќи претставува соработка меѓу две или повеќе различни земји. Оттука произлегува и големиот предизвик за сите нас со успех да им ги понудиме можностите кои ги нуди секоја програма поединечно на крајните корисници“, рече министерот Фазлиу.

На средбата присуствуваше и министерот за локална администрација на Косово, Иван Тодосијевиќ. Двете министерства од Македонија и од Косово, надлежни за имплементација на ИПА-програмите за прекугранична соработка, имплементираат заеднички проект за зајакнување на административните капацитети за управување со ИПА-инструментот за територијална соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП