3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерството за одбрана бара да се вклучи во антикорупцискиот индекс на „Транспаренси...

Министерството за одбрана бара да се вклучи во антикорупцискиот индекс на „Транспаренси интернешнл“

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се сретна и разговараше со Методи Зајков, генерален секретар на „Транспаренси интернешнл“ за Македонија и Каролина Меклахлан, менаџер за истражување и политика – конфликти и небезбедност од меѓународната канцеларија на организацијата.

На средбата Министерството за одбрана го изрази својот интерес да биде вклучено во Антикорупцискиот индекс на „Транспареси интернешнл – одбрана и безбедност“, преку кој се вршат проценки на ефективноста и зајакнувањето на институционалните и неформалните контроли во справувањето со ризикот од корупција во одбраната и безбедносните институции.

Целта на вклучувањето ќе биде да се подобри работата на институциите од одбраната и безбедноста на Република Македонија, да се зајакне нивната антикорупциска агенда и на тој начин да се зголеми довербата во нив. Неколку од земјите од регионот (Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина) веќе се вклучени во антикорупцискиот индекс на „Транспареси интернешнл“, но, за жал, тоа не било случај со Република Македонија.

Министерството за одбрана и Владата со овие чекори ја истакнуваат својата силна политичка волја за поголема транспарентност, одговорност и вистинска борба со корупцијата, соопшти МО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП