19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент сака поамбициозни цели за рециклирање

Европскиот парламент сака поамбициозни цели за рециклирање

До 2025-та година уделот на рециклираниот општински отпад треба да достигне 55%, одлучија пратениците од Комисијата за животна средина во Европскиот парламент. Нивниот предлог ќе се дискутира на пленарната седница во април, се вели во пораката од ЕП.

Предлогот предвидува уште во 2030-та година рециклиран да бидат барем 60% од отпадот на бизнисот и домаќинствата во општините, а пет години подоцна тој процент да биде најмалку 65%.

Целите за пакувањата се поамбициозни – од 65% во 2025-та до 70% во 2030-та година. Исто така е можно и за специфични намени за материјали како што се хартија, пластика, стакло, метал и дрво.

Пратениците инсистираат уште до 2030-та година сите отпад, кои се погодни за рециклирање да не бидат примени на депониите.

Целта на овие промени е одржлив развој на европската економија, како и намалување на хранливиот отпад со 50 отсто.

Управувањето со отпад во земјите на ЕУ се подобрува суштински во последните години, но речиси 1/3 од комуналниот отпад се депонира во депонии и помалку од половина се рециклира или компостира, покажуваат податоците од истражувањето на ЕП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП