27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВознијак: Биткоинот за мене беше валута со која владите не може да...

Вознијак: Биткоинот за мене беше валута со која владите не може да манипулираат, но некој ми ги украде!

Стив Вознијак по природа е инвентивен, па не е изненадување дека е сопственик на биткоини. Коосновачот на „Apple“ говореше на Глобалниот бизнис форум за тоа зошто ја сака оваа криптовалута.

„Биткоинот за мене беше валута со која владите не може да манипулираат. Математиката е чиста, непроменлива“, рече тој.

За жал, сето тоа не го штити бикоинот од кражба. Американскиот инвеститор и филантроп на Самитот пред полна сала раскажа како му биле украдени биткоините.

„Блокчејн технологијата препознава кој има биткоини… тоа не значи дека кражба е невозможна. Мене ми украдоа 7 биткоини. Некој ги купи од мене преку кредитна картичка, а потоа ја откажа исплатата. Толку лесно беше. Бројот беше од украдена картичка, така да никогаш не може да ги вратам назад“, вели Вознијак.

Запрашан за неговото искуство во вложувањето кога биткоинот се продаваше за 700 долари по токен и понатамошната продажба за вистинско богатство кога цената порасна, Вознијак рече дека не вложувал во биткоинот, туку дека ги купувал како експеримент.

„Ги чував со цел еден ден да можам да патувам без кредитна картичка, новчаник или готовина. Се да можам да платам со биткоини. Ги разгледав хотелите кои примаат биткоини…но се уште тешко се реализира тоа. Тестирав и во купувањето и тргувањето со биткоини на интернет“, потенцира тој.

Па зошто ги продал? „Затоа што не сакав повеќе секој ден да ја следам цената… па затоа еден ден ги продадов сите. Тоа ми беше доволно за да експериментирам“, додаде Вознијак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП