10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAccor продаде мнозински удел од својот деловен имот за 4,4 милијарди евра

Accor продаде мнозински удел од својот деловен имот за 4,4 милијарди евра

Францускиот синџир на хотели „Accor“ ја договори долгоочекуваната продажба на мнозинскиот удел од бизнисот со недвижнини со конзорциум од инвеститори, меѓу кои и државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија.

Најголемата синџир на хотели во Европа по бројот на соби информира на крајот од берзанското тргување дека ќе продаде 55% од „AccorInvest“ на Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија, Државниот инвестициски фонд (GIC) на Сингапур, институционални инвеститори, како „Crédit Agricole Assurances“, „Colony NorthStar“ и „Amundi“ и други инвеститори.

Продадениот удел од 55% е понизок од првичните планови на „Accor“ да се раздели со 80% од бизнисот со недвижнини. Продажбата ќе и донесе на компанијата 4,4 милијарди евра во готово и го оценува целиот бизнис на 6,25 милијарди евра во согласност со пазарните очекувања.

Договорот треба да ја подготви компанијата за предизвиците со кои се соочува најголемиот светски хотелски синџир. При управувањето на главниот извршен директор Себастијан Базел, „Accor“ ја раздели компанијата на две – „Hotel Services“, која е одговорна за управување на хотелите и франшизата, и „HotelInvest“, која се занимава со деловен имот. Подоцна, втората беше трансформирана во нова компанија наречена „AccorInvest“.

Давајќи им можност на трети инвеститори да купат акции на „AccorInvest“, „Accor“ сака да ослободи пари за превземања, реновирање на постоечки имот и финансирање на нови проекти. Компанијата е изложена на притисок од зголемената конкуренција од страна на дигиталните платформи, како „Airbnb“ и стеснувањето на нејзините маргини заради компании за онлајн резервации на патувања, како „Priceline“ и „Expedia“.

„Влегувањето на нови акционери и деконсолидацијата на „AccorInvest“ ќе и обезбеди на „AccorHotels“ значителна слобода на активностите за да го забрзаме динамичниот раст и иновативната стратегија и да создадеме вредност за акционерите“, рече Базел во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП