1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција со најдобри резултати од 2011 - инвестициите го поттикна БДП

Франција со најдобри резултати од 2011 – инвестициите го поттикна БДП

Француската економија во 2017 година порасна за 2 проценти, што е повеќе од првично проценетиот и најдобар резултат од 2011 година.

Благодарение на ниските каматни стапки, закрепнувањето на соседните членки на еврозоната и ниските даноци на заработката, француските компании ги зголемија инвестициите за да ја задоволат растечката побарувачка, додека домаќинствата ја зголемија потрошувачката, покажаа објавените официјални податоци, пренесува агенцијата Ројтерс.

Годишната стапка на раст од 2 проценти, благо зголемена од првично проценетите 1,9 проценти, укажува на тоа дека Франција според растот ја надминала Британија, која порасна по стапка од 1,7 проценти во минатата година.

Инвестициите на компаниите се зголемени за 4,4 проценти, додека потрошувачката на домаќинствата пораснала за 5,4 проценти.

БДП на Франција во последниот минатогодишен квартал пораснал за 0,6 проценти, по растот од 0,5 проценти од претходниот квартал, соопшти француската Канцеларија за статистика – Инсее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП