21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтежнат сообраќај, забрана за движење на некои патишта

Отежнат сообраќај, забрана за движење на некои патишта

Зимски услови, влажни коловози и кашест снег е моментната состојба на патиштата во земјата. Поради појава на магла, видливоста е намалена до 50 метри на планинскиот превој Плетвар. Врнежи од снег со слаб интензитет има во Маврово, Смојмирово и на планинските превои Стража и Ѓавато.

Од АМСМ информираат за следниве забрани за сообраќај:

Маврово-Дебар, Кичево-Охрид преку планинскиот превој Пресека, Гостивар-Кичево преку превојот Стража и Струг-граничен премин Ќафасан.
Од 7.30 часот изутрината укинати се забраните преку превоите Буково и Ѓавато.

Обилните врнежи од снег го отежнаа сообраќајот на патот Крушево-Прилеп и Крушево-Демир Хиса, каде што е задолжителна зимска опрема за патнички моторни возила, а не се пропуштаат товарни возила.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата. Доколку тргнувате на пат, возете внимателно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП