20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретседателот на ФЕД: Се оди во прилог на економијата на САД

Претседателот на ФЕД: Се оди во прилог на економијата на САД

Перспективите на американската економија остануваат силни, и покрај неодамнешното превривање на пазарот на акции, вели претседателот на американската Управа на федерални резерви Џером Пауел.

„Оптимистичните перспективи во поглед на економскиот раст и вработувањата ќе му овозможат на ФЕД да продолжи со постепеното темпо за зголемување на клучните каматни стапки“, изјави Пауел во обраќањето на американскиот Конгрес, пренесува агенцијата АП.

ФЕД три пати минатата година ја зголеми клучната каматна стапка и најави уште три зголемувања на каматата во оваа година.

Се очекува дека во март, на наредното заседавање, ФЕД ќе го одобри првото зголемување на каматната стапка во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП