22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската централна банка двојно ја зголеми својата добивка за 2017-та

Германската централна банка двојно ја зголеми својата добивка за 2017-та

Германската централна банка „Bundesbank“ соопшти дека ја дуплирала добивката до 2 милијарди евра во 2017-та година во однос на претходната година, а поголемиот дел од зголемувањето се должи на приходи од камати.

Дополнителните средства значат дека „Bundesbank“ може да внесе во федералната каса 1,9 милијарди евра – доста повеќе од 399-те милиони евра од 2016-та година.

Министерството за финансии има поставено цел за профит од 2,5 милијарди евра.

Останатите 100 милиони евра од износот одат во резервниот фонд за пензиски обврски.

Банката исто така, објави дека ги зголемила резервите кои се издвоени за турбуленции во еврозоната, па внесе 1,1 милијарди евра во фонд кој сега достигна 16,4 милијарди евра.

Гувернерот на германската централна банка Јенс Вајдман рече дека биле потребни дополнителни пари заради ризици поврзани со каматата, истакнувајќи ја зголемената количина државни обврзници, кои Европската централна банка (ЕЦБ) ги прифаќа како колатерал за заем во последниве години, пренесоа светските агенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП